Заштита на житните култури од житната пијавица(лема)

          Лемата е штетник кој ги напаѓа пченицата, јачменот и овезот, а може да се храни и со некои видови на треви.

          За развој на една генерација од  лемата потребна е една година. Презимува во стадиум на имаго(одраснати инсекти) во суви лисја, во трева, во основата на стрнката или во шуплината на сламата.

          Имагото е долго 5 мм. Поголемиот дел од телото е со темносина боја а вратниот дел е портокалов. Најголем број на имага се јавуваат во почетокот на Април, во зависност од температурата на воздухот која треба да биде над 10оС. Периодот на полагање на јајца зависи од временските услови и може да трае и до средината на Јуни. Јајцата се со ќилибарножолта боја, а ги полага на горната страна од листот во групи.

          Ларвите на лемата се пилат на  листот, и веднаш после тоа почнуваат да се хранат, затоа што не поднесуваат гладување.

          Економски значајни штети причинуваат и имагото и ларвите. Во текот на исхраната ларвите на лемата прават карактеристични оштетувања на листот на житата. При исхраната ја уништуваат лисната маса помеѓу нервите. На тој начин тие го уништуват растителното зеленило и нападнатите посеви добиваат беличеста боја наместо зелена. Врз основа на ова,  нападнатото жито може од голема далечина да се препознае.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна