Зимска заштита на овошките

          Периодот од зимското мирување овоштарите го користат за зимска резидба и заштита на овошките од болести и штетници. Заштитата се извршува со  механички и хемиски мерки.

          Механичките мерки повеќе се спроведуваат кај помалите овоштарници и истите опфаќаат: чистење на стеблата од гасенични гнезда, отстранување на заразени делови од растенијата и собирање и горење на паднати лисје и  трули плодови. Со извршување на горните работи ги отсрануваме потенцијалните жаришта од болести и штетници, од каде  што рано во пролетта излегуваат спори и габи, или имага од штетници, кои  извршуваат примарни зарази.

          Хемиските мерки за заштита опфаќаат прскање на овошките со пестициди, со кои се сузбиваат болестите  и штетниците. Некои штетници и болести презимуваат на гранките, или под кората, при што со зимското прскање се уништуваат нивните легла. Прскањето се извршува во периодот на зимското мирување и тоа исклучиво при суво, топло и мирно време.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна