Зимска резидба на виновата лоза

          Резидба е ампелотехничка мерка со која одредени делови на виновата лоза се прекратуваат или целосно се отстрануваат. Резидбата на виновата лоза се изведува во периодот на мирување т.е по завршување на вегетацијата, па сѐ до почетокот на сокодвижењето. Резидбата потребно е да биде навремено и стручно изведена. Земјоделците со поголеми површини лозови насади, резидбата ја почнуваат порано, најчесто во почетокот на декември. Лозата орежана порано т.е наесен, порано ја започнува вегетацијата. Во локалитети и кај сорти каде постојат услови за измрзнување поради ниски зимски темеператури и ризик од доцни пролетни мразеви, се препорачува резидбата да се изврши во периодот на крајот на февруари и почетокот на март. За време на резидбата се одстрануваат 90% од ластарите. Иако со резидбата се создаваат одредени рани на лозата, резидбата преставува неопходна ампелотехничка мерка со која се регулира порастот и родноста на лозата. Со резидбата се остава само одреден број на родни окца што одговара на кондицијата на лозата, условите на средината, при што се регулира родноста и квалитетот на грозјето.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна