Зимска резидба на овошки

          Резидбата е најважна помотехничка мерка која се извршува кај сите овошни видови, со цел да се добие редовно плодоносење.

          Секој овошен вид има свои специфични барања во резидбата, кои се условени и зависни од подлогата и системот на одгледување. Према периодот од животниот век кај овошките разликуваме:

          1. Резидба на млади овошки која е насочена кон формирање на систем на одгледување.
          2. Резидба на родни овошки која е насочена кон регулација на вегетативниот  и генеративниот развој, односно осигурување на редовна родност со висок квалитет на плодовите.

          Спрема времето на извршување, резидбата се дели на зимска и летна.

          Зимската резидба се извршува почнувајќи од паѓање на лисјето и може да трае во текот на целата зима, се до потерување на цутните папки. При тоа, мора да се води сметка во деновите со негативна температура да не се врши резидба бидејќи дрвото е смрзнато, тешко се сече, често напукнува, а пресеците споро зараснуваат.  Целта на резидбата е да ја држи овошката во равнотежа и да ја намали појавата на алтернативна родност. Истата се сведува на три основни мерки: Проредување, скратување и виткање на гранките.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна