Информативен состанок со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово

          На 31.10.2019г. во просториите на Дирекцијата на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Директорот на АПРЗ Elgafar Jusufi ги пречека на состанок гостите од Република Косово меѓу кои присутни беа и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово како и неколку земјоделци од Република Косово.

          Состанокот беше од информативен карактер, со цел запознавање со мисијата, визијата и целите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, подлабоко претставување на работата и активностите, како и објаснување на улогата на Агенцијата како Национален советодавен сервис во Република Северна Македонија.

          Ваквиот тип на состаноци на кои присуствуваат претставници од министерствата за земјоделство на соседните земји, како и од другите институции кои делуваат во секторот земјоделство, даваат позитивен придонес кон размена на работни искуства, градење на квалитетни долгорочни врски на соработка помеѓу институциите од различни држави, запознавање со различни модели и методи на работење како и начини на извршување на активностите кои можат да се применуваат кон ефективно и ефикасно остварување на целите и задачите на АПРЗ.  

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна