Информација за намалување на загадувањето на воздухот

          Што претставува загадувањето на воздухот?

          Загадувањето на воздухот може да биде дефинирано како присуство на токсични материи и хемикалии во воздухот, и тоа во количество што претставува ризик за здравјето. Воздухот е речиси целиот составен од само 2 гаса, 78% азот и 21% кислород, и неколку други гасови, како јаглероден диоксид, кои ги има во мал процент. На пример, јаглеродниот диоксид има концентрација помала од 0,05%, но воздухот со 5% јаглероден диоксид е отровен и може да ве убие.

          Причина за загадување на воздухот!

          Секоја активност која вклучува согорување, користење хемикалии и/или произведување многу прашина придонесува за загадувањето на воздухот. Модерното загадување најчесто е од сообраќајот, иако и електраните и фабриките сè уште придонесуваат за зголемување на проблемот.

          Гасови кои го загадуваат воздухот!

          1. Сулфур диоксид

          Јагленот, нафтата и другите горива често се нечисти и содржат сулфур, како и некои органски соединенија. Кога сулфурот согорува со кислородот, се добива сулфур диоксид. Електраните кои работат на јаглен се најголеми производители и најголеми загадувачи со овој гас.

          2. Јаглероден моноксид

          Овој гас се формира кога горивата немаат доволно кислород за целосно да согорат. Најчесто настанува од автомобилите, а може да се наталожи и во вашиот дом.

          3. Јаглероден диоксид

          Овој гас обично не се смета за загадувач. Ние издишуваме јаглероден диоксид кој пак растенијата го користат за „дишење“. Сепак, и овој гас е стакленички и може да се создаде од мотори и електрани.

          4. Азотни оксиди

          Загадувањето од азот диоксид и азот оксид потекнува од моторите на возилата и електраните. Тој е одговорен за формирањето кисел дожд, озон и смог.

          5. Испарливи органски соединенија

          Овие хемикалии испаруваат лесно на секојдневна температура, па стануваат гасови. Најчесто се користат во боите кои ги користиме во домот и се одговорни за загадувањето на воздухот и можат да остават долготрајни последици кај луѓето.

          6. Честички

          Честичките се виновни за потемнувањето на зградите и тешкотиите во дишењето. Нивната големина е различна и најчесто се последица од сообраќајот.

          7. Озон

          Озонот, познат и како трикислород е вид кислороден гас. Во стратосферата, тој нè штити од ултравиолетовото зрачење на сонцето. Но на ниво на земјата може да предизвика сериозни проблеми со здравјето.

          8. Несогорени јаглеводороди

          Нафтата и другите горива се направени од органски соединенија кои содржат јаглерод и водород. Кога правилно се согоруваат тие се претвораат во безопасен јаглероден диоксид и вода. Но, кога согорувањето не е целосно тие испуштаат јаглероден моноксид или остануваат во воздухот создавајќи смог.

          9. Олово и тешки метали

          Оловото и другите токсични тешки метали може да се рашират низ воздухот како отровни соединенија или како аеросоли.

          Последици од загадувањето на воздухот врз здравјето!!!

          Во зависност од степенот на изложување, како и видот на загадувачот, последиците може да бидат разни – од кашлање и иритација на дишните патишта, па сè до астма и хронични заболувања на белите дробови. Покрај тоа може да се појават проблеми со кожата, како и некои видови рак. Некои луѓе сметаат дека 10% до 20% од сите случаи на рак се предизвикани од некаква форма на загадување. Според Светската здравствена организација, загадувањето на воздухот е најголемиот убиец. Најчесто смртта како последица од загадувањето се случува во земјите во развој, но и во индустриски богатите држави.

           

          Што можете вие да направите за да влијаете на загадувањето?

          1. Штедете енергија

          Електраните предизвикуваат загадување, па колку помалку електрична енергија користите, толку повеќе придонесувате во намалување на загадувањето. Одберете сијалици кои штедат енергија, користете лаптоп наместо компјутер, сушете ја облеката надвор и топлотно изолирајте го вашиот дом.

          2. Штедете вода

          Производството на чиста вода бара енергија, па штедењето вода е уште еден добар начин да го намалите загадувањето.

          3. Откажете се од автомобилот

          Сообраќајот е најголемиот извор на загадувањето, па особено е важно да го избегнувате автомобилот кога воздухот е навистина загаден. Секогаш кога можете користете јавен превоз или велосипед.

          4. Не горете го ѓубрето

          Секогаш кога ќе запалите пластика, вие ослободувате многу отровни материи во воздухот, голем дел од кои инстантно ги вдишувате.

          5. Не пушете

          Цигарите содржат никотин кој создава зависност. Тие предизвикуваат разни здравствени проблеми, но можат да бидат причина и за локално загадување на воздухот.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна