Потпишување на писмо за соработка помеѓу АПРЗ и Проектот на УСАИД за експанзија на малите бизниси

          Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството (АПРЗ) на ден 23.04.2013 година потпиша Писмо за соработка со Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси во имплементацијата на иницијативата Култивирај повеќе пченка”.

          Потпишување на писмо за соработка помеѓу АПРЗ и Проектот на УСАИД за експанзија на малите бизниси

          Потпишување на писмо за соработка помеѓу АПРЗ и Проектот на УСАИД за експанзија на малите бизниси

          Проектот на УСАИД за експанзија на малите бизниси е четиригодишен проект кој се спроведува од КАРАНА Корпорацијата, со цел да се зајакне капацитетот на приватниот сектор, во правец на поттикнување на регионалниот економски развој, како и за создавање на работни места во избраните региони во Македонија.

          Една од најголемите можности идентификувана од страна на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси е поврзана со производството на пченка, односно зголемување на приносот со помош на новите технологии (наводнување капка по капка), како и добрите насоки за земјоделска работа, со цел да се постигне двојно, дури и тројно зголемување на приносот на пченка. Во Полошкиот и Пелагонискиот регион се идентификувани вкупно 44 одгледувачи на пченка, кои учествуваат во оваа пилот-иницијатива со земјиште од еден хектар за демонстрација.

          Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси во наредниот период ќе ја поддржи советничката мрежа на АПРЗ во промоцијата на добрите земјоделски практики (ДЗП), вклучувајќи ги и модерните постапки и соодветната употреба на регистрираните агро-хемикалии, преку тренинзи и теренски надзор, како дел од системот на АПРЗ за надзор.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна