Информација за формирање на Комитет за земјоделство и безбедност на храна

          Владата на РМ донесе одлука да формира Комитет за земјоделство и безбедност на храна, а со работата на ова тело ќе раководи премиерот Зоран Заев.

          Овој комитет ќе има задача да ја следи реализацијата на мерките и проектите во врска со агросекторот, безбедноста на храната и ветеринарната заштита на животните и да дава насоки и предлози заради подобрување на состојбите во овие области.

          Членови на овој комитет по функција се Премиерот на РМ, Вицепремиерот задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Министерот за здравство, Министерот за животна средина и просторно планирање, Министерот за финансии, Советничката за земјоделство шумарство и водостопанство на Премиерот, Директорите на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Агенцијата за храна и ветеринарство и  Државниот земјоделски инспекторат како и директорите на ЈП Македонски Шуми, ЈП Пасишта и АД Водостопанство и државниот секретар на МЗШВ.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна