Инфо денови за Ипард мерка 1

          Во тек на февруари – март 2020 година се организираат инфо караван од страна на МЗШВ и АФПЗРР со цел подобро информирање на граѓаните за поефикасно искористување на ИПАРД средствата.

          Сите заинтересирани ќе имаат можност да се запознаат со ИПАРД Програмата 2014–2020, за да аплицираат на јавниот повик со цел да го развијат и модернизираат нивното земјоделство производство.

          Мерка 1 од ИПАРД Програмата нуди европски можности за македонското земјоделство. Таа предвидува инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства, а е имплементирана од страна на Телото за управување со ИПАРД.

          Корисници на Мерка 1 може да бидат физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), индивидуален земјоделец или правно лице, и земјоделски задруги. Мерката 1 поддржува примарно земјоделско производство, односно како приоритетни сектори го опфаќа растителното производство, сточарското производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство и земјоделско стопанство и производство.

          Советодавците од АПРЗ вршат информирање на заинтересираните баратели за можностите кои се нудат со програмата и бесплатна поддршка при подготовка на барањето. Барателот од советодавците исто така е информиран за потребната документација која треба да ја прибере, критериумите кои треба да ги исполнува, начинот на бодување за избор, како и за сите други потребни информации со кои се комплетира начинот на постапката за доставување на комплетирано барање до АФПЗРР.

          Јавниот повик започна на 29.02.2020 година и ќе трае до 14.04.2020 година.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна