Инфо денoви во Општина Кривогаштани, с.Обршани за LEADER пристапот

  • Инфо денoви во Општина Кривогаштани, с.Обршани за LEADER пристапот
  • Инфо денoви во Општина Кривогаштани, с.Обршани за LEADER пристапот
  • Инфо денoви во Општина Кривогаштани, с.Обршани за LEADER пристапот
  • Инфо денoви во Општина Кривогаштани, с.Обршани за LEADER пристапот

АПРЗ во соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на средбите го презентираше почетокот на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион“. Унапредување на состојбите во земјоделскиот сектор, приближување на земјоделските практики до нивото на меѓународните норми во Европската Унија нагласено беше дека е возможен преку размена на информации и организирање заеднички посети на терен во руралните места во деветте пелагониски општини планирано е воведување на LEADER пристапот.

Соработката во наредниот период ќе одвива преку:

·     логистичка поддршка од АПРЗ при реализација на теренските активности од проектот и обезбедување јакнење на капацитетите на вработените во однос на ЛЕАДЕР пристапот,

·       воспоставување и овозможување на посредна и непосредна комуникација преку размена на податоци и информации со претставниците на земјоделскиот сектор во Пелагонискиот регион.

LEADER пристапот се темели на принципите за мулти-секторско партнерство (вмрежување) од повеќе клучни субјекти: од локалното насление, јавен и приватен сектор, бизнис заедницата, индстрија за храна, граѓанскиот сектор, локални политичари и др. при тоа користејќи го пристапот ,,одолу-нагоре,, (bottom-up). Презентацијата ja организираа вработените во РЕ Битола во соработка со претставници од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Според планот за одржување на инфо денови по дисперзираните канцеларии на АПРЗ на ден 02.11.2012 во Општина Кривогаштани и во с. Обршани беше одржана презентација за новиот европски пристап за развој на руралните средини – LEADER.

Коментирај

Име*

Е-маил* (never published)

Страна