Инфо денoви во Општина Могила, с.Бистрица за LEADER пристапот

          LEADER пристапот се темели на принципите за мулти-секторско партнерство (вмрежување) од повеќе клучни субјекти: од локалното насление, јавен и приватен сектор, бизнис заедницата, индстрија за храна, граѓанскиот сектор, локални политичари и др. при тоа користејќи го пристапот ,,одолу-нагоре,, (bottom-up). Презентацијата ja организираа вработените во РЕ Битола во соработка со претставници од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

          АПРЗ во соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион на средбите го презентираше почетокот на проектот “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион“. Унапредување на состојбите во земјоделскиот сектор, приближување на земјоделските практики до нивото на меѓународните норми во Европската Унија нагласено беше дека е возможен преку размена на информации и организирање заеднички посети на терен во руралните места во деветте пелагониски општини планирано е воведување на LEADER пристапот.

          Според планот за одржување на инфо денови по дисперзираните канцеларии на АПРЗ на ден 01.11.2012 во Општина Могила и во с.Бистрица беше одржана презентација за новиот европски пристап за развој на руралните средини – LEADER.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна