Косење на луцерка за сено

          Времето на косење на луцерката зависи од начинот на користење. Таа се користи за производствона сено, зелена маса, силажа, сенажа, луцеркино брашно брикети, и пилети.

          Спремањето на сено е постапка во која се намалува влагата од покосената зелена маса со 75-85% на 18%.

          Луцеркиното сено е најхранливо од сите видови на сено.

          За производство на квалитетно сено, луцерката треба навреме да се окоси, односно во почетокот на цветањето, или најдоцна кога 50% од растенијата се во фаза на цветање. Прераното косење го намалува приносот, а при  покасното косење, стеблото одрвенува, хранливата вредност се намалува при што се добива сено со лош квалитет, а растурот при исхраната е голем. Најдобро луцеркино сено се добива од луцерката кога е во стадиум на бутонизација. Таквото сено содржи 18-20% протеини, 9% пепел, 2-3% масти, 18-20% целулоза, а има скробна вредност од 0,36 СЕ. Висината на косењето е на 5-6 см, за да можат растенијата подобро да регенерираат. Неколку дена пред косењето не треба да се наводнува со цел почвата да се потсуши за непречено движење на машините и подобро и побрзо сушење.

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна