Одгледување на капини

          Капината како овошна култура има големо стопанско значење особено во повисоките региони до 700 метри надморска висина, каде што има повеќе од 800 мм врнежи годишни или пак постојат услови за наводнување. Посебното значење на одгледувањето на оваа врста на овошки го детерминираат следните фактори:

          • Голема употребна вредност на плодот
          • Рентабилноста на производството и
          • Придонесот за дополнително вработување

          Употребна вредност на плодот

          Капината се употребува како храна во свежа состојба, лек и суровина за преработка. Плодовите на капината поседуваат уникатни хранливи и лековити својства, па заради тие особини спаѓаат во доста барано и ценето овошје. Во лековити намени се употребуваат плодот и листот. Големата лековита вредност на капината е производ на специфичниот хемиски состав, а особено високата содржина на витамини, минерални материи и поедини микроелементи (посебно Ca, Mg, Fe)

          Рентабилност на производството

          Од аспект на квалитетот на економиката во производството на капини, особено се значајни следниве фактори:

          • Капината стапува во род веќе во втората година (а во третата дава полн род)
          • Вложените средства значително побрзо се враќаат во однос на повеќе овошни видови со исклучок на малини и јагоди
          • Раѓа редовно и богато
          • Добро се прилагодува на различни услови на одгледување, а бидејќи касно цвета доцните пролетни мразеви не и наштетуваат
          • Поотпорна е на болести и штетници во однос на малината
          • Е добро медоносно растение

          Допринос за дополнително вработување

          Капината е трудово интензивна култура. Потребите од работна сила се релативно големи во сите фази на процесот на производство, а посебно во фазата на берба каде што се вклучуваат и категории од селското и градско население, кои по правило претставуваат издржувано население ( деца, ученици, студенти, домаќинки, а и постари лица).

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна