Одржана јавна расправа за предлог текстот на Законот за фитофармација

          На 12.11.2014 година во 11 часот во големата сала на Општина Охрид, во организација на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството се одржа јавна расправа за запознавање на предлог текстот на Законот за фитофармација, приближување и усогласување на предложените законски решенија, како и подобрување на предлог текстот – Законот.

          На оваа јавна расправа беа присутни преставници од МЗШВ, Земјоделскиот инспекторат, индивидуални земјоделци, сопственици на земјоделски аптеки, дистрибутери на пестициди, советодавците од АПРЗ.

          Исто така на оваа средба се презентираа мерките од ИПАРД програмата со критериумите и можностите за користење на средства од оваа програма.

          Видео материјалот можете да го погледнете на следниот линк.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна