Пламеница на кромидот (Peronospora destructor)

          Пламеницата на кромидот во наши  услови редовно се јавува и нанесува големи штети. При масовна појава голем дел од лисната маса се уништува,  поради што приносите доста се намалуват а квалитетот на луковиците е лош.

          Препознавање. Првите знаци на болеста се јавуваат во пролет, кон крајот на април и почетокот на мај. Лисјата стануваат бледожолти а растенијата заостануват во порастот.

          За време на големата влажност и топло време, на лисјата се појавува сивкаста мувла, а на лушпите од главицата  се појавуват сивкасти дамки.

          Заштита. Најважно е  садниот материјал да биде здрав, а на површините каде што предходно се има јавено оваа болест не треба да се одгледува кромид најмалку три  години. Кромидот за производство на главици треба да се прска на секој 4 до 5 дена, се додека има интензивен пораст на лисната маса а потоа прскањето се проредува. Кога лисната маса  целосно ќе се формира се прекратува со заштита.

          За сузбивање на пламеницата на кромидот можат да се употребат следните препарати: Антракол, Манкозеп, Дитан, Браво, Ридомил Голд и други.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна