Плодоред во поледелството

          Плодоредот представува план за искористување на вегетационата средина(почвата), со одгледување на растенија со одреден редослед, како по време така и по простор. По пат на плодоредот, вегетационата средина, надворешните фактори кои ја сочинуваат таа средина се користат подобро, зашто со менување на културите се користат биолошките разлики меѓу одделни групи на култури. Не може да има плодоред ако  во него културите не се менуваат по време и простор.

          Секој плодоред мора да опфаќа барем два елементи, без кои нее плодоред а тие се:

          • плодосмена и
          • полесмена.

          Плодосмената е менување на културите по време, а полесмената е менување по простор. Од ова произлегува дека плодоредот мора да е комбиниран од плодосмена и полесмена, каде менувањето на културите  оди како по време така и по простор. Времето  низ кое една култура од плодоредот ги поминува сите парцели се вика ротација. По правило една ротација трае толкав период колку што е бројот на културите.

          Уште поодамна со искуство е видено дека, ако една иста култура повеќе години се одгледува на исто место (монокултура)  приносот опаѓа.  Причините при одгледувањето во монокултура при што доаѓа до опаѓање на приносот има повеќе.

          Најчесто се смета дека една од  примарните причини е таа што една иста култура ако се одгледува на стално место се јавува штетно влијание на материите што ги лачи коренот од таа култура. Тие материи од една култура имаат негативно или штетно влијание на самата култура во наредната година. Друга причина е што секоја култура различно влиае на:

          • структурата на почвата,
          • осиромашување на почвата со органска материја,
          • различно користење на минералните елементи,
          • различен однос во користење на влага како и
          • зголемена појава на болести,  штетници и плевели.

          Структурата на почвата и обогатувањето на почвата со органски материи познато е дека некои култури влијаат на расипување на структурата , а други имаат способност да ја подобруваат. Со менување на културите како биолошко средство без други мерки може да се одржува плодноста на почвата.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна