Посета на АПРЗ од Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.Македонија

          Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – АПРЗ, е важна и значајна, бидејќи нејзината основна функција е едукација на земјоделците и на сите чинители во земјоделскиот сектор, нешто што ни недостигаше во овие изминати години.

          Советодавните услуги и едукацијата на земјоделците ќе овозможат подобар трансфер на знаења и на информации, но и нивна имплементација на терен, што е во насока на подобрување на квалитетот и квантитетот на земјоделското производство.

          На денешниот состанок со в.д. директорот на АПРЗ, Зоран Стојчевски и раководителите на подрачните единици, ги детектиравме моменталните слабости на Агенцијата, но и ги дефиниравме следните чекори за јакнење на оваа важна институција за земјоделците.

          Ќе ја вратиме основната функција на АПРЗ, а тоа е информирање,…

          Капацитетите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – #АПРЗ, ќе се стават во целосна функција на земјоделскиот сектор и на создавање и поддршка на модерно и конкурентно производство. Ќе ја вратиме основната функција на АПРЗ, а тоа е информирање,едукација и целосна соработка со земјоделците.

          Posted by Ljupcho Nikolovski on Monday, October 9, 2017

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна