Преглед на реализирани активности од АПРЗ во делот на спроведување на ИПАРД Програмата за јавниот повик 01 и 02 во 2012 година

  • Преглед на реализирани активности од АПРЗ во делот на спроведување на ИПАРД Програмата за јавниот повик 01 и 02 во 2012 година
  • Преглед на реализирани активности од АПРЗ во делот на спроведување на ИПАРД Програмата за јавниот повик 01 и 02 во 2012 година
  • Преглед на реализирани активности од АПРЗ во делот на спроведување на ИПАРД Програмата за јавниот повик 01 и 02 во 2012 година
  • Преглед на реализирани активности од АПРЗ во делот на спроведување на ИПАРД Програмата за јавниот повик 01 и 02 во 2012 година

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) како институција која ја спроведува јавната советодавна услуга во земјоделството активно се вклучува во поддршката на ИПАРД Програмата, во делот на активностите кои се однесуваат за масовно и индивидуално информирање на потенцијалните апликанти како и во реализација на дирекна поддршка на барателите во подготовка на апликативниот пакет.

Претходната најава и јавните повици навремено беа истакнувани на огласните табли во сите регионални центри,  работни единици и дисперзирани канцеларии при АПРЗ. Во текот на 2012 година, АПРЗ продолжи со информирањето на земјоделците за подобра искористеност на средствата и преку директно учество на нејзини претставници во електронски и печатени медиуми.

Врз основа на констатираните состојби од претходните јавни повици, АПРЗ својот потенцијал и човечки ресурси ги насочи кон трансфер на информации и обуки на земјоделците – потенцијални баратели, воедно давајќи и акцент на јакнење на сопствената структура и капацитетите како подобро би ги инкорпорирале активностите кои произлегуваат од поддршката по Програмата.

Согласно обврските при реализацијата во делот на активностите по ИПАРД Програмата, во насока на поголемо искористување на средствата, АПРЗ имаше за цел да го поддржи процесот на информирање, анимирање, публицитет и помош при аплицирање во Програмата. Средбите беа реализирани во 30 работни единици и 44 дисперзирани канцеларии кои се лоцирани дирекно во руралните средини, опфатени во рамките на 6 регионални центри Битола, Скопје, Струмица, Тетово, Куманово и Штип.

Согласно планот за комуникација и публицитет, АПРЗ во соработка со средните земјоделски училишта во РМ, подготви акционен план за спроведување на кампањата „Учиме за ИПАРД“. Целта беше да се овозможи запознавање со ИПАРД можностите на сите заинтересирани страни, потенцијални корисници на средства, економски и социјални партнери односно на пошироката јавност. Спроведувањето на овој акционен план за целна група ги имаше учениците од средните земјоделски училишта кои во своите наставни содржини ги вклучуваат секторите кои ги поддржува ИПАРД Програмата. На одржаните презентации присуствуваа вкупно 408 ученици и наставен кадар.

АПРЗ во соработка со АФПЗРР и ТУ за ИПАРД по задолжение на ВРМ подготви листа на пополнети шаблони на деловен план за сите типови на ИПАРД проекти по кои можат да аплицираат земјоделците, а исто така изготви листа на најчесто појавувани проблеми и грешки при аплицирањето за користење на средства од ИПАРД Програмата и „Најчесто Поставувани Прашања за ИПАРД“ и истите да ги објави на својата веб-страница.

Коментирај

Име*

Е-маил* (never published)

Страна