Предизвици на осигурителната индустрија во Република Македонија

          Агенцијата за супервизија на осигурување, на 1-ви ноември, 2013 година, во хотелот „Александар Палас“ – Скопје, го одбележа Денот на осигурувањето и ја одржа Петтата меѓународна конференција за осигурување – „Предизвици на осигурителната индустрија во Република Македонија“.

          Поздравно обраќање имаше заменикот Претседател на Влада и министер за финансии Г-динот Зоран Ставрески, претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето  Г-динот Климе Поповски и претседателот на Управниот одбор на Националното Биро за Осигурување Г-динот Зоран Нарашанов. На Конференцијата беа одржани три Панел дискусии од кои првата беше посветена на земјоделскиот сектор со наслов „Земјоделско осигурување и осигурување од катастрофални ризици“, каде што како панелист зеде учество и претставник од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

          Претставниците од Светската банка и Европа – Ре Facility информираа за активностите во рамките на Проектот за развој на осигурителен пазар од катастрофални ризици (SEEC CRIF), кој е регионален Проект каде се вклучени Република Македонија, Република Албанија и Република Србија и е под покровителство на Владата на Република Македонија.

          За целите на овој проект, Агенцијата за развој на земјоделството реализираше трибини во руралните средини со промовирање на советодавни услуги на актуелни теми вклучително и осигурувањето на посеви и плодови. Целта на овој проект според претставниците од Светската банка и Европа Ре е да се создадат осигурителни производи (полиси) за ризик од катастрофи и неповолни временски услови, каде што ќе биде најбитен развојот на осигурителните производи наменети за потребите на земјоделците. Со идентификување на ризикот кој што го погодува земјоделското производство, Европа – Ре Facility ќе настојува да создаде соодветни осигурителни производи за земјоделскиот сектор во Република Македонија со што ќе се придонесе за зголемување на навлегувањето на осигурителниот пазар во нашата држава.

          Она што се очекува во иднина е да се развива се повеќе земјоделското осигурување и да се добијат што повеќе полиси за осигурување на земјоделските посеви освен постоечките (осигурување од пожар, удар од гром и град) да се воведе во најскоро време и полиса за осигурување на посевите од поплава и пролетен мраз а потоа да се реализира и идејата за пласирање на производот – полисата за осигурување на приносите во земјоделството од сите ризици.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна