Презентација за мерка 113 – Поддршка за потикнување на земјоделското производство

          На барање на Градоначалничката на Општина Могила, г-ѓа Јасмина Гулевска, на ден 21.02.2020 година, во просториите на Советот на Општина Могила се одржа презентација на мерката 113 – Поддршка за потикнување на земјоделското производство. Презентацијата беше одржана од страна на тим од АПРЗ во состав Борче Петковски – Заменик на Директорот, Андреа Соколовски и Љупчо Мојсовски – советодавци.

          На средбата беа присутни земјоделски производители од Општина Могила кои имаа прилика за се запознаат со поволностите на оваа мерка која за првпат се објавува, како и со прифатливите трошоци и критериумите за апликација. Посебен акцент беше ставен на улогата на АПРЗ во целокупниот процес, преку обезбедувањето на помош во процесот на комплетирање на документацијата потребна за овој јавен повик.  

          Присутните фармери изразија задоволство од одржаната презентација и побараа вакви средби за сите мерки и јавни повици со цел подобро да се информирани со можностите за инвестирање.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна