Презентација на најпродаваната балирачка во Турција PAKSAN !

          На 11.08.2015 година во просториите на Хемометал ДООЕЛ во с. Кравари, Битола се одржа презентација на најпродаваната балирачка во Турција PAKSAN. На презентацијата присуствуваа голем број на земјоделци кои од страна на вработените на Хемометал и претставници на производителот имаа можност да добијат информации за перформансите на балирачката и практичниот начин на работа.

          На оваа презентација присуствуваа и претставници од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, пришто директорот Игор Златков пред присутните ги презентираше можностите за искористување на средствата од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој и ИПАРД програмата.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна