Промоција на правилниците за директно снабдување во Куманово

          Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството (АПРЗ), продолжуваат со активностите за промоција на двата правилници за директно снабдување.

           На ден 22.09.2020  во 12 часот во големата Општинска сала во Куманово, под строги безбедносни протоколи за заштита од вирусот Ковид 19,  беа претставени пред заинтересирани земјоделски производители.

          Целта на правилниците е да се овозможи легална продажба на домашни земјоделски производи, директно на фарма, при тоа задолжително исполнувајќи ги критериумите за безбедност и хигиена на храната.

          Од сите примарни земјоделски производители најзаинтересирани беа пчеларите.


          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна