Расадување на зелка во заштитен простор

          Зелката треба да се сади на предходно добро припремена почва. За рано производство во пластеници расадувањето се врши на растојаниео  50 х 30-40 см.во зависност од хибридот. Ако густината на расадувањето е поголема тогаш зелката формира помали главици. Најчесто роковите на расадување на стално место кај нас се движат од 15-20 февруари а понекогаш и порано, или на отворено од 15-20 март.

          Правилно посаден расад не треба длабоко да биде посаден во почвата, но да биде добро притиснат. Во пракса квалитетот на расадување се испитува така што се пробува расадениот расад да се откорне. Ако се откорне коренот тогаш не е добро посаден и обратно.

          Ѓубрењето се врши во зависност од времето на производство и должината на вегетација-формирањето на главицата, а врз основа извршена агрохемиска анализа.  Најчесто се употрбуват ѓубрива во комбонација на НПК во однос 1:2:3 плус К сулфат.

          Во пластеничкото производство е дозволена употреба на органско ѓубриво-палетирано-гранулирано кое поминало преку процесот на ферментација, а се користи во помали количини или 150-250 гр/м2. Ѓубрењето  се врши со основната обтаботка, а прихранувањето  се изведува најмалку  два пати. Првото во текот на развојот на  лиснта маса, а второто прихранување во формирањето на главицата, во комбинација од НПК 1:1:2. Ѓубрењето се изведува заедно со наводнувањето преку систем капка по капка. Многу важно е да се внимава во првата фаза од развојот да се употребуваат губрива НПК 15:30:15 со повеке фосфор, поради формирањето на кореновиот систем, потоа во фаза на формирање на лисната маса да се употребува комбинација со повеке азот НПК 24:8:16, и на крајот за формирање на главица со губрива кои содржат поголема количина на Калиум на НПК 10:5:26 или НПК 16:8:32.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна