Регионално поврзување на трансферот на знаење во аграрот

          Советодавните функции на надлежните институции и стручните лица за развојот на македонскиот аграр, се приоритетни во владините политики, за да можат фармерите да се стекнат со стручни знаења и европски искуства. Заради тоа, Агенцијата за поттикнување развојот на земјоделството, деновиве во Битола иницираше Регионална конференција со претставници од  државите на Југосисточна Европа, за поставување меѓусебна мрежа на советодавни услуги, преку која, ќе се изврши трансфер на знаење и искуства, што ќе стасаат до фармерите.

          – Ќе го искористиме времето и просторот за размена на позитивни и негативни искуства со кои се соочуваат институциите задолжени за советодавните функции во матичните држави. Пред се, станува збор за вклученост во проекти, потоа владини задолженија и реализација на истите, како и советодавни услуги и трансфер на знаења во повисоки инстанци, се до крајната цел, а тоа се фармерите во државите – рече Игор Златков, директор на Агенцијата за поттикнување развојот на земјоделството во Република Македонија.

           Главните цели за основање на мрежа на советодавни случби во Југосисточна Европа е размената на знаење и искуства во советодавството, со цел, нашите знаења и искуства да бидат пренесени во пракса и на тој начин да придонесат за побрз развој на земјоделството во Југосисточна Европа, и да овозможат опстанок и живот во рураланиот простор – рече Милан Гусак од Министерството за земјодлество на Република Хрватска.

          Основачкото собрание со претставници на петнаесет држави од Регионот на Југосисточна Европа,ќе се организира во септември во Сараево, а според заклучоците на Регионалната конференција што се одржа во Битола, советодавната функција во аграрот е најдобара можна политика за трансфер на знаење, што во Македонија се практицира повеќе години. Сега, регионалниот трансфер на знаење, ќе биде на чекор од глобалните случувања.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна