Системи на одгледување на јаболка

          Изборот на системот на одгледување, односно формата на круната од овошката, спаѓа во групата фактори што има пресудно значење за рентабилното производство на јаболка. Системите имаат основна цел:

          • да се постигне брз и хармоничен развој на овошките, и во што покус временски период  да се добијат максимални и квалитетни приноси, и во согласност со природните услови и барања- генетскиот  потенцијал на сортата;
          • да се создаде, што поголема и родна површина на овошката, и со подобар распоред на гранките;
          • овошката рано да пророди, редовно да раѓа и да дава плодови со добар квалитет;
          • стеблата да се помали по раст, заради олеснета резидба, берба на плодови и други агротехнички мерки.

          Сите форми на круни се вбројуваат во три основни групи:

          1.  Природни форми

          2.  Полуприродни форми

          3. Дириговани или вештачки форми, создадени под потполно влијание на човекот. Тие се шпалири или живи огради кои најчесто се формираат со соодветна потпора. Овде спаѓаат повеќе форми на одгледување како што се: витко вретено, супер вретено, систем V на одгледување на витко вретено, солакс, солен, Y систем ( Tatura sistem) дупло вретено и др.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна