Советодавна средба за подобрување на квалитетот на пченицата, вкрстена сообразност и агрохемиска анализа

          Согласно акциониот план за одржување на трибини , АПРЗ РЕ Скопје  во соработка со  Проф. д-р Емилија Симеоновска од УКИМ Земјоделскиот институт – Скопје, на ден 24.10.2019 г во просториите на основното училиште “ Кочо Рацин” општина Петровец одржа трибина на следните теми: Мерки за подобрување на квалитетот на пченицата, Вкрстена сообразност и  Ахрохемиска анализа.

          Земјоделците од страна на проф. Д-р Емилија Симеоновска  беа советувани за преземање на соодветни мерки за подобрување на квалитетот на пченицата, бидејки последниве години кај мелничарите во Македонија сé повеќе преовладува ставот дека пченицата произведена во Македонија е со слаб квалитет. Беше укажано на фактотите кои го одредуваат квалитетот – сортата, агроеколошките услови, технологијата,  условите при складирање, доработка , како и мерките за подобрување на истиот.

          На трибината советниците од АПРЗ ги советуваа земјоделците за водење на  Мониторинг на вкрстена  сообразност за спроведување на посебни минимални услови за добра земјоделска пракса и заштита на почвата, заштита на водата, заштита на растенија и заштита на животната средина при одгледување на животни и агрохемиска анализа – зошто е потребна  и  кои се правилата за земање на почвената проба. Беа поставени повеке прашања во врска со темите, се разви дискусија и за други теми кои се од интерес на земјоделците за кои ке се одржат трибини во зимскиот период.  

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна