Средба за EX-POST евалуација на ИПАРД 1

          На ден 14.11.2019 во дирекцијата Битола се одржа работна средба помеѓу Директорот на АПРЗ Elgafar Jusufi, националниот координатор за рурален развој и претставниците од конзорциумот (составен од ППМ, Софија, Бугарија и Давос Инвест ЛТД од Скопје) кој што прави Ex-post евалуација на ИПАРД 1 програмата. Претставниците од конзорзциумот Сајмон Гил, Дарко Бабамов и Филип Сековски се ангажирани од Делегацијата на ЕУ во Македонија во партнерство со МЗШВ.

          Целта на средбата беше проценка на нивото на задоволство од програмата, улогата и ефикасноста на советодавната служба како релевантна државна институциија при спроведувањето на ИПАРД 1 програмата во период 2009-2013.

          Директорот Elgafar Jusufi истакна дека АПРЗ како институција која ја спроведува јавната советодавна услуга во земјоделството активно беше вклучена во поддршката на ИПАРД, во делот на активностите кои се однесуваат за масовно и индивидуално информирање на потенцијалните апликанти како и во реализација на дирекна поддршка на барателите во подготовка на пакетот барања.

          Во текот на 10-те јавни повици од страна на советодавците при АПРЗ беа подготвени 811 барања со што значително се придонесе кон зголемување на искористувањето на финансиските средства од ИПАРД.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна