Стручно – Едукативна средба во Кривогаштанско – Крушевскиот Регион

          На ден 05.09.2019 год, Советниците од Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството РЕ Крушево, во соработка со здружението ЛАГ АГРО ЛИДЕР, одржаа стручно – едукативна средба со земјоделци одгледувачи на говеда од Кривогаштанскиот и Крушевскиот регион.

          Средбата се одржа во просториите на општина Кривогаштани. Одгледувачите на говеда се информираа со презентација на темите: Кетоза и Јазлеста кожа кај говедата.

          Во текот на  средбата се разви дискусија за повеќе теми кои се од интерес на земјоделците. Се разговараше за состојбата на производителите на млеко во овој регион, условите за одгледување на говедата, откупната цена на млекото, квалитетот на млекото, критериумите за откуп на млеко, исхраната на млечните говеда. Земјоделците искажаа благодарност до советодавците од АПРЗ и истакнаа дека ваквите средби се многу корисни за нив. Во иднина да се продолжи соработката со Агенцијата и вакви едукативни средби и во иднина да продолжат ваквите стручно-едукативни средби има особено во зимските месеци кога земјоделците се послободни.

          Советниците на Агенцијата истакнаа дека во иднина ваквите средби ќе бидат поинтензивни и на други теми од областа на Земјоделството.

           

          АПРЗ РE Крушево
          Михајло Николоски
          Виш соработник

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна