Уништување на плевели во лозјата

          Плевелите  во лозјата треба да се уништуваат затоа што: црпат вода и хранливи материи од почвата, со што, се намалува нивната достапност до одгледуваната култура, зафаќаат простор и го спречуваат растењето и   развојот на растението, интензивно транспирираат со што, ја зголемуваат  воздушната влага, стварајки услови за развој на болести и претставуваат преодни домаќини на штетници и предизвикувачи на болести. Сите претходно наведени работи допринесуваат плевелите да бидат големи конкуренти на виновата лоза. Од тие причини, заради оддржување на редовна плодност, почвата мора да биде ослободена од истите.

          Плевелите во лозјата  може да се уништуваат:       

          1. механизирано со обработка на меѓуредниот простор  и рачна обработка, или употреба на хербициди во самиот ред,
          2. со затревување и  косење на тревата во меѓуредниот простор, а во самиот ред рачна обработка, или употреба на хербициди,
          3. со употреба на хербициди  на целата површина во лозјата ( редот и меѓуредието).

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна