ФУНКЦИОНАЛНА АНАЛИЗА – Завршна работилница од Проектот на Светска Банка

          На 22 октомври (вторник)  2019 година се одржа работилница на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство финансирана од Европската унија и спроведена од Светска Банка во која учество зеде и Агенцијата за поттикнување на рзвојот на земјоделството. На работилницата беа презентирани главните наоди  и препораки од функционалната анализа на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и органите на управата т.е. Фитосанитарна управа, Управа за семе и саден матријал, Државниот земјоделски инспекторат . Во оваа функционална анализа беше опфатена и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството како самостојна институција.

          Отворањето на оваа работилница го направија Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство г-дин Трајан Димковски, раководителот за соработка на делегацијата на Европска Унија Г-дин Никола Бертолини и специјалистот за земјоделство од Светска Банка Г-ѓа Силвија Маури кои ја потенцираа потребата и суштинското значење на овој проект за воспоствавување на функционални институции во секторот за земјоделство.

          На оваа работилница беа презентирани :

          • Столбови за функционална анализа
          • Организациски структури и системи
          • Буџет и финансиско управување
          • Управување со човекови ресурси
          • Функционална анализа на АПРЗ
          • Завршни забелешки

          Членот на работната група за изработка на Функционалната анализа за АПРЗ Г-ѓа Весна Илиевска ја нагласи потребата од проектна поддршка.

          Како завршен коментар даде Заменикот на Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Г-дин Борче Петковски кој кажа дека целосно се согласува со направената функционална анализа и со нејзината реазлизација АПРЗ ќе прерасене во еден ефикасен и функционален советодавен сервис за земјоделство и рурален развој.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна