Ѓубрење со азотни ѓубрива(прихрана)

          Редовното годишно ѓубрење на овошките во род представува една од основните агротехнички мерки која осигурува редовен и висок принос, добар квалитет на плодовите, и подеднаков развој на вегетативните и генеративните органи.

          Недостатокот на азот  на лисјето на јаболката, праската и черешната се гледа по светлозелена до жолтата боја, а на листот на крушата меже да се јават бронзени тонови. Овие лисја се ситни, а нивната боја е изедначена без шаренило или дамки. Лисјето обично паѓаат рано на есен, а изданоците се тенки. Заврзувањето на плодовите е слабо, и тие доста паѓаат во јуни. Исто така плодовите можат да бидат мали и често созреваат и добиват боја порано него вообичаено.

          Вишокот на азот може сериозно да го намали квалитетот и цврстината на плодовите. На вишокот на азот укажуваат големите, темнозелени лисја кои се задржуваат на овошките до доцна есен. Плодовите се со нетипична боја, а складирани полесно ја губат цврстината.  Растењето на овошките  продолжува до касно лето и во есен а растенијата се подложни на оштетување од зимските температури.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна