Општи податоци за СИЗП

Дизајн на функционален интегриран систем за администрирање и контрола (ИСАК)и придружни капацитети во Република Македонија

Воспоставувањето на Интегриран административен и контролен систем (ИСАК) е еден од најзначајните среднорочни приоритети во процесот на интеграција во ЕУ во однос на земјоделството, тоа се одразува преку пристапното партнерство помеѓу Република Македонија и ЕУ, каде се дефинирани прашањата во рамките на хоризонталните делови кои го опфаќаат земјоделството и руралниот развој.
Целосното функционирање на системот ќе обезбеди ефикасни механизми за поддршка, врз основа на реалните потреби и проблеми на земјоделскиот сектор. Интеграцијата и компатибилноста помеѓу различните бази на податоци и регистрите, ќе им ја олесни работата на земјоделците во однос на апликациите за поддршка на програмите и ќе обезбеди корисни податоци за формулација на политиките на бизнис-секторот.
Како надлежен државен орган во областа на земјоделството – МЗШВ, во соработка со АПРЗ и ЈП МШ во согласност со одредбите од Законот за земјоделство и рурален развој веќе воспостави “Интегриран Земјоделски Информативен Систем“ со цел да се формулира и имплементира ефективната земјоделска политика и политиката за рурален развој, како и да се обезбедат информации за потребите на Министерството и бизнис заедницата”. Националниот план за создавање на ИСАК вклучува координирана примена на тесно поврзани активности во периодот од 2008-2011 под надлежност на повеќе институции, како што e самата МЗШВ (вклучувајќи ја и Управата за ветеринарство) Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството (АПРЗ),JП Македонски Шуми, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, кој треба да води кон исполнување на ИСАК барањата во кој постои:
Единствен систем за евиденција на идентитетот и помош на секој фармер кој поднесува апликација (Фарм регистар);
Систем за идентификација на земјишни парцели, т.е. систем за идентификација на земјишните парцели кој ќе им овозможи на подрачјата кои се лоцирани да бидат следени, така што истите ќе може да се следат со компјутеризирани проверки на самото лице – место и да може да се организира (LPIS);
Компјутеризирана база на податоци за евиденција на податоците и формуларите за помош на секое земјоделско стопанство (Апликативен Софтвер за поддршка на база на податоци);
Систем за идентификација и регистрација на животните, со што ќе се овозможат цврсти проверки и контроли на самото место (Идентификација и Регистрација на животните);
Помош при аплицирање за површина, фуражни области и животни;
Интегриран систем за контрола на административните и инспекциските контроли на полињата.
Системот за идентификација на земјишните парцели (СИЗП) е систем со кој се идентификува земјоделското земјиште кое што се обработува во одредена држава. Системот користи отрофото – во основа, тоа се дигитални воздушни и сателитски снимки со голема прецизност, со цел да се добијат, колку што е можно повеќе, значајни просторни информации. Секоја земјишна парцела има единствен број, за да се овозможи единствена идентификација на парцелата во просторот. Понатаму, оваа информација редовно се ажурира, со цел да се набљудува напредокот во користењето и управувањето на земјиштето.
ЕУ доделува 43% од вкупниот буџет предвиден за Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на сите фармери на земјите членки, како и на земјите кандидатки за пристапување кон ЕУ. Целта на Зедничката земјоделска политика е распределба на финансиските средства врз основа на исполнување и почитување на условите за добивање финансиска поддршка од страна на земјоделците. Оттука, земјите членки треба да воспостават систем, со кој ќе ги оправдаат исплатите на секој земјоделец. Овој систем е наречен ИСАК (интегриран систем за администрација и контрола). Бидејќи за секој земјоделец земјиштето е од исклучителна важност, оттука произлегува дека и СИЗП претставува клучен сегмент од ИСАК и содржи податоци за земјишните парцели од типот на: единствен број, податоци за користење на земјиштето, површина итн.
Катастарските податоци, сами по себе, не се доволни за да се имплементира ефикасен систем. Податоците од катастарот ги дефинираат границите на земјишните парцели за потребите на правата и процедурите за купување, продавање, изградба, земање под хипотека итн. Границите на катастарските парцели не секогаш ги претставуваат границите на земјоделското земјиште на терен. Исто така, катастарските податоци вклучуваат податоци за користење на земјиштето, но овие податоци се постари од 30 години, не се ажурирани и не можат да се користат за потребите на овој сложен систем.
Неколку прикази за катастарски податоци и дигитални ортофото (воздушни снимки) (граници, користење на земјиштето ……)

Многу потадоци за просторот (како што се: ортофото, топографски мапи, границите на земјоделското земјиште, катастарски податоци и многу други) ќе се интегрираат во софтверот и ќе бидат видливи на екранот. Земјоделците и операторите ќе треба да ги лоцираат парцелите што земјоделците ги обработуваат на ортофото, понатаму операторот ќе ги дигитализира и ќе внесе одредени карактеристки/информации, вклучувајќи го името на парцелата што го доставува земјоделецот, користење на парцелата и некои дополнителни податоци. На крајот на состанокот, операторот ќе ги претстави на екранот сите парцели на една фарма и ќе го испечати извештајот во којшто се набројани парцелите, а фармерот треба да го потпише извештајот.

Сл.бр.6 Приказ на LPIS – системот со практичен пример Во иднина, само парцелите евидентирани во СИЗП ќе бидат подобни за добивање на субвенции. Секој земјоделец ќе ја знае точната локација, податоците и земјоделското земјиште на неговите парцели регистрирани во СИЗП. Катастарските податоци повеќе не ќе бидат потребни и постапката за аплицирање за субвенции ќе биде полесна и побрза. Администрацијата ќе има база на податоци за целото земјоделско земјиште во државата, а со тоа, и можност да раководи со плаќањата на точен начин и согласно со регулативите на ЕУ.