Бизнис Иновативен Форум 2015 за поголемо искористување на ЕУ фондовите

          Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството како институција партнер на COSSME мрежата зеде учество на вториот по ред бизнис иновативен форум кој од 22 – 25 јануари се одржа во Република Македонија.

          Главен фокус на настанот беше иновативноста и поддршката преку регионална и интернационална соработка, можностите за економски развој и создавање на работни места во периодот 2015-2020 година.

          На настанот присуствуваа претставници на три големи европски мрежи, EBAN – мрежа на бизнис ангели од Европа, EBN – мрежа на бизнис иновативни центри од Европа, Finnovaregio – Европската фондација за финасирање иновации на регионално и локално ниво и WestBIC – ирската мрежа на бизнис иновативни центри кои посотојат веќе дваесетина години и континуирано го помагаат растот и развојот на компаниите со кои соработуваат.

          Преставниците на АПРЗ остварија бројни контакти и разговори со европските преставници за добивање на поддршка за остварување на зацртаните проекти и активности во функција на развој на земјоделсството, но и поуспешна подготвка за искористување на ЕУ фондовите, особено COSME и Horizon 2020.

          На форумот учествуваа и Општина Гази Баба, Општина Тетово, Универзитетот на Југоисточна Европа и технолошкиот парк, EMKICE – Euro-Macedonian knowledge and innovation Centre, Илумине – Центар за развој на ИКТ во образованието, Отворени Фудбалски школи на Македонија, Централен регистар на РМ, Институт за животна средина и здравје при УИЈЕ (IEH), кои заедно со АПРЗ го сочинуваат конзорциумското партнерство.

          АПРЗ на вториот ден од форумот на панел дискусија го престави својот најнов проект Рурален Бизнис Инкубатор (РБИ), кој е дел од Фондацијата „Агробизнис Иновации“ чиј основач е АПРЗ. Главната цел на РБИ е да создава одржливи агробизниси кои ќе креираат можности за нови работни места, а со тоа и развој на економијата во државата.

          Улогата на РБИ е развивање на бизнис идејата на младите, но и на сите оние кои сакаат својата егзистенција да ја обезбедат од земјоделството и да заработуваат од него.

          Преку РБИ сакаме да им помогнеме на младите во самиот старт на бизнисот на фармата (моментот кога се најранливи), потоа во самиот развој, па се до проширување и негова самоодржливост. Со тоа ќе ја доближиме професијата „земјоделец“ до младите, професија која ќе генерира приходи за достоен живот“ – рече Златко Сирета преставувајќи го пред присутните Инкубаторот.

          Известување до јавноста.pdf

          Галерија линк

          Поврзани линкови:

          www.business-innovation-forum.com

          www.cossme.mk

           

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна