Бројлерско производство

          Што е бројлер?

          Хибридно пиле добиено со вкрстување на повеќе раси или линии со

          изразено нагласени особини за брз пораст, односно гоење.

          Производи што се добиваат од бројлерското производство:

          • Пилешко месо
          • Ѓубре
          • Пердуви

          Потребни предуслови за бројлерско производство:

          • Објект за одгледување на бројлери.
          • Опрема за хранење, напојување, греење, оветлување и вентилација.
          • Приклучок за вода и електрична енергија.
          • Еднодневни пилиња
          • Храна за пилињата
          • Работна рака
          • ЕДУКАЦИЈА

          Системи за одгледување на бројлери:

          • Поден систем на одгледување – овој систем е најраспространет и најпогоденза одгледување на бројлери, пред се заради тоа што тој е поевтин.
          • Кафезен систем на одгледување – помалку е распространет, иако е поинтензивен, но заради поголемите вложувања многу поретко се користи.

          За гоење треба да се користат само комерцијални хибридни пилиња.

          Параметри за одгледување на бројлери:

          • Густина на населување 15 – 20 бр/м²
          • Траење на периодот на гоење 38 – 42 дена
          • Потребна храна по пиле околу 4 кг

          Параметрите зависат од тоа која раса се одгледува, тежината на бројлерот која сакаме да ја добиеме на крајот од одгледувањето, храната и условите на одгледување.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна