Влијанието на климатските промени кај виновата лоза

          Лозарството е еден од најважните сектори во земјоделското производство на Северна Македонија, а виното е значаен извозен производ. Лозарството, заедно со производството на вино придонесува со приближно 17-20% од земјоделскиот БДП . Виното, веднаш зад тутунот, е вториот најважен извозен земјоделски производ.

          Чувствителноста на земјоделскиот сектор кон климатските помени има важни последици за Северна Македонија, кога егзистеницјата на значителен дел од руралното население зависи од земјоделството. Руралните заедници се особено ранливи од ризиците предизвикани од промените што можат да настанат како резултат на климатските промени.

          Ранливоста на земјоделскиот сектор произлегува од два главни извори, прво земјоделското производство е на отворено, под директно влијание на различните климатски појави, т.е. појавата на касни мразеви, град, поројни дождови, топлотни бранови, и сл. како и од фактот што во последниве неколку децении вложувањата во примарното производство, особено во повеќегодишни плантажи (лозја и овоштарници), драматично се зголемени, поради што негативните климатските појави имаат и се поголемо негативно економскo влијание.

          👉 Влијанието на климатските промени кај виновата лоза.pdf

           

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна