Влијание на прекумерната влажност врз земјоделските култури

          Прекумерната влажност како во почвата, исто така и водата која доаѓа на посевите при поплава, штетна е за растенијата. Прекумерната влажност во почвата е неповолна во поглед на аерацијата на почвата и по правило има недостаток на воздух, а тоа е штетно за растенијата. Заради вишокот на вода доаѓа до помал развој на кореновиот систем, неправилно е и формирањето на органските материи во плодовите на растенијата, во коренот на кртолестите растенија, шеќерната репа и компирот. Кај овие растенија, формирањето на скробот и шеќерот е намалено. Во зрното на житата се намалува содржината на белковини. Значи, прекумерната влажност влијае на намалување на приносот и квалитетот.

          Оттука, по правило, послаби приноси има на почви кои трпат од голема влажност – лежење на вода на површината, како што се почвените типови во кои непропусливиот хоризонт е плиток. На вакви почви е неопходно да се преземат мерки за поправка, пред сé засновање на орница. Во случаеви каде ова не е доволно, неопходни се мерките за одводнување – дренирање на почвата.

          На прекумерната влажност на почвата растенијата различно реагираат, но ова сепак е штетно за сите растенија. Штетите од прекумерна вода се различни за одредени култури, а се разликуваат од фазата на развој во која растенијата се наоѓаат, како и од времетраењето на задржување на водата.

          Според испитувањата, најголемо намалување на приносот настапува во периодот на интензивен пораст на растенијата, додека при крајот на вегетацијата штетите од преголема влажност значително се помали. Исто така, резултатите покажуваат дека намалувањето на приносот е поголемо доколку времетраењето на прекумерното влажење е поголемо.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна