Директорот на АПРЗ г-динот Игор Златков во посета на опитен овошен насад во СОУ „Цар Самоил“ во Ресен

          На 24.11.2013 година Директорот на Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството г-динот Игор Златков, заедно со проф.Васко Јовановски и директорот Науме Тосковски, при реализација на средби со земјоделските производители од преспанскиот регион, изврши и посета на опитен овошен насад во СОУ „Цар Самоил“ во Ресен.

          Имено, на 13.03.2013 година во Ресен, во средното општинско училиште „Цар Самоил“ беше извршена промоција на опитен овошен насад со поставување на заштитна мрежа, на која покрај директорот на училиштето, присуствуваше и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-динот Зоран Коњановски.

          Поставување заштитна мрежа во овоштарникот

          Сушата, мразот, силните ветрови и посебно градот, во последно време причинуваат голема штета во овошните насади. За интензивно овоштарство да биде што помалку загрозено од елементарни непогоди, потребно е поставување заштитни мрежи во овоштарниците. Тоа значи дека заштитната мрежа ги обезбедува насадите од градобијност, големи капки од дожд, појава на силен ветер, силно влијание од UV – зрачење, намалување  на температураната разлика, посебно во студениот дел од годината кога мразот се кондензира на мрежата, ја задржува влажноста во почвата бидејќи се намалува испарувањето и ги штити насадите од  птици.

          Поставување заштитна мрежа во овоштарникот_1

          Заштитната мрежа се изработува од полиетилен со дебелина на конците од 0,25 мм, со различна обоеност и се поставува на посебно изработена метална конструкција, која што лесно се монтира и демонтира.

          Поставување заштитна мрежа во овоштарникот_3

          Заштитната мрежа се поставува на нови или постоечки столбови во овоштарниците, а мрежата според потреба може да се постави во различна положба, како не би ги попречувала земјоделските работи.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна