Зголемување на површините под сончоглед преку договорно производство

          Во АПРЗ се одржа работен состанок во врска со веќе започнатата иницијатива за договорно одгледување на сончоглед и зголемување на површините со оваа култура за производство на масло. На состанокот присуствуваа посебниот советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Ленче Николовска, која заедно со преставници на Асоцијацијата на производители на сончоглед на темата разговараа со директорот на АПРЗ Елгафар Јусуфи и раководителите на регионалните одделенија.

          Стана збор за втората фаза од договорното производство на сончоглед, каде што е потребно да се вклучат советниците на АПРЗ кои со своите стручни совети ќе вршат ЕДУКАЦИЈА на земјоделците кои ќе се решат да одгледуваат сончоглед. Стручните лица од АПРЗ ја поддржаа иницијативата и ја изразија подготвеноста во вклучување во овој процес.

          Се договори заедничка соработка со Асоцијација на производители на сончоглед со кои ќе се изготви заеднички работен план со динамика за следење на процесот на производство и ќе им се помага на земјоделците со технички совети. Ќе бидат дефинирани регионите каде што е најпогодно одгледувањето на сончоглед и ќе се назначат одговорни лица од АПРЗ – советници кои на терен кај земјоделците ќе вршат перманентна едукација согласно производствениот календар.

          Интересно е да се напомене дека ќе се користат технологии и агротехнички мерки во производството согласно искуствата што ги има стекнато Асоцијација на производители на сончоглед за
          добивање на поголеми приноси. Со едукацијата и навремените совети можат двојно да се зголемат приносите кои сега во прсек се 1.500 килограми од хектар.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна