Избор на сорти и припрема на површини за расадопроизводство на пиперки во заштитен простор

          Изборот на сортата за производство  на пиперка е едена од најзначајните работи каде што понатаму ке се одвива целиот процес на приозводство. Таа одлука која ја донесува самиот производител зависи од  повеке фактори:

          • внимавање околу изборот на сортата во кој временски период од годината ќе се одгледува,
          • одгледување на типови и сорти на пиперка во контролирани услови, значи есенско-зимскиот период, треба да бидат поотпорни од различни влијанија пр. светлосен, топлотен режим и т.н.
          • семенскиот материјал да биде здравствено исправен, семето декларирано,
          • семето треба да биде третирано со некои од фунгицидите кои се дозволени за дезинфекција на семенскиот материјал. Ако семенскиот материјал не е предходно третиран, семето се става во раствор од 2%  NaOH , за време од 15 мин. Потоа семето се промива со чиста вода и се остава да се просуши а после тоа се сее.

          За изборот на сортата сепак треба предходно да се има во предвид и понудата но  и пласманот на истата, интересот за откуп и консумација, дали се работи за лута или пак за блага пиперка. Производителот е последен кој ја носи таа одлука, но предходно препорачливо е да се консултира со стручни лица, како и со откупувачите, бидејќи од тоа ќе зависи и понатамошното одгледување и на крајот реализацијата и приходот од истата.

          Кај нас на пазарот се нудат различни типови и сорти на пиперки. Секоја сорта  има свои сортни особини и не одговара за одгледување во некои региони па затоа производителот треба да биде запознат со нејзините особини ,технологија, и т.н.

          Важен фактор во производството е и припремата на површината за производство на здрав и квалитетен расад. Припремата на површината се изведува одкога ќе се извршат сите потребни фитосанитарни и хигиенски мерки, обработка на површината, дезинфекцуја  на почвата, испитување на pH иEC вредностите.

          Во расадопроизводството на пиперката во контролирани услови најчесто се употрбуваат готови смески или супстрати. Квалитетните супстрати се лесно пропустливи, не содржат остатоци од разни болести и штетници, имаат регулирана  pH вредност, имат добро регулиран водно-воздушен режим, содржат доволно хранливи елементи.  Треба да се внимание кои од супстратите ке се одбере и за која култура ќе биде наменет.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна