Интегрално производство на овошје

          Ваквото производство на овошје во светот познато е како I.F.P (integrated fruid.produktion).Ова производство се дефинира како еколошки прифатливо земјоделско производство со намалена употреба на хемиски средства до прифатливи економски, еколошки и хумани граници. Тука се произведува висококвалитетно овошје кое треба да ги задоволи потребите на потрошувачите, но да биде и произведителот економски заинтересиран и стимулиран.

          Ова производство опфаќа комплекс од фактори агротехнички, помотехнички и заштитни мерки, а хемиските средства се применуваат во најнужни случаи во минимални дози. Во овоштарското производство првин се врши избор на најпогодна локација, издигната, проветрива, каде што ризикот од мразеви и болести е минимален.

          Се оди на отпорни сорти и подлоги, им се дава предност на нешто побујните подлоги, на пример подобра е М 26 од М 9 и сл. Понатаму се оди на нешто покомотни растојанија со поблага резидба, се избегнуваат заморени почви, се врши затревување на насадите, а заштитната лента под овошките се обработува или мулчира, земјишните хербицидинаполно се исфрлаат, а истите се дозволуваат само во крајни потреби-за долгогодишни ризомни плевели и сл.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна