Инфо ден во с. Бучин за LEADER пристапот

  • Инфо ден во с. Бучин за LEADER пристапот
  • Инфо ден во с. Бучин за LEADER пристапот
  • Инфо ден во с. Бучин за LEADER пристапот
  • Инфо ден во с. Бучин за LEADER пристапот

На ден 19.10.2012 според планот за одржување на инфо денови во дисперзираната канцеларија на АПРЗ во с.Бучин беше одржана презентација за новиот европски пристап за развој на руралните средини – LEADER.

Со воведување на LEADER пристапот се сака да се постигни унапредување на состојбите во земјоделскиот сектор, приближување на земјоделските практики до нивото на меѓународните норми во Европската Унија како и во други области кои се директно или индиректно поврзани со прашањата на развојот на земјоделскиот сектор во Пелагонискиот регион.

Посебно беше нагласена подготвеноста за соработка помеѓу засегнатите страни, врз основа на взаемна доверба, разбирање и соработката, кои се темелат врз начелото на транспарентност и јавност во заедничката соработка.

LEADER пристапот се темели на принципите за мулти-секторско партнерство (вмрежување) од повеќе клучни субјекти: од локалното насление, јавен и приватен сектор, бизнис заедницата, индстрија за храна, граѓанскиот сектор, локални политичари и др. при тоа користејќи го пристапот ,,одолу-нагоре,, (bottom-up).

Презентацијата ja организираше Михајло Николоски од РЕ Крушево заедно со претставници од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Коментирај

Име*

Е-маил* (never published)

Страна