Колострум

          Колострумот е еден од најстарите извори на енергија кои ни ги подарила природата? Сите новородени цицачи (вклучувајќи го и човекот) го примаат ова прво млеко во текот на првите неколку денови од животот за да го потикнат растот и да ја зголемат отпорноста на организмот од болести. Оваа волшебна состојка ги содржи сите потребни компоненти и информации како би се изградил силен, комплетен имунолошки состав. А силен имунолошки состав е темел на добро здравје бидејќи му помага на телото во борба против сите видови болести.

             Значење на колостралното млеко кај телињата

          • Да се спречи губитокот на телето
          • Зајакнување на отпорноста
          • Заштита од  болести

             Состав на колострално млеко и заштита

          Телињата на свет доаѓаат без антитела за отпорност од причинители на болеста, значи потполно незаштитено. Новороденчињата тоа мора да го внесат во целост со колострумот. Колострумот воспоставува пасивен имунитет, личен имунитет кај телињата се развива полека со старост од три до пет недели. До тој период се препуштени само на пасивната заштита со антитела кои ги внесоа со колострумот.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна