Контејнерско производство на расад

          Се поставува леа со должина од 4 метри и ширина од 92 см.

          Пред да се конструираат рамките на базенчињата  подлогата  треба да биде нивелирана, израмнета. Се оформува базен со штици (ширината на штиците да биде 15 см) и се поставува црна фолија врз целата леа. Димензиите на базенчето зависат од димензиите на контејнерите(тацните). Во вака оформениот базен се полни 250л вода. Во водата се става вештачко ѓубриво НПК(20:20:20), или подобро е да се стави ѓубриво со поголема содржина на фосфор. Дозата на ѓубривото е 1гр/лит вода. Тоа значи во овој базен се става 250 гр ѓубриво. Во базенот треба да се стави едно кафено лажиче калиум перманганат за да не се појават алги.

          Супстратот за контејнерскиот начин на производство  се состои од од 50%  органска материја (тресет или компост)  и 50% перлит (неорганска материја). Органската материја и перлитот треба добро да се измешаат. Добро промешаниот супстрат се става во отворите од тацните (тацните се изработани од стиропор). Отворите се полнат со 2/3 хумус, потоа се прави лежиште за семето, се става семето (1 семка на отвор) и се дополнува со супстрат.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна