Малаксавост кај јагнињата

          Недостигот на витамин ,,Е ,, и селен предизвикува малаксавост кај јагнињата.Најчесто заболува подмладокот кога сјагните овци се хранат со детелина и луцерка. Во местата каде што болеста почесто се појавува на овците во втората половина на бременоста во храната треба да се додава селен.
          На многу овчарски фарми има големи загуби,угинувања и закржлавување на преживеаните грла предизвикани од недостиг на селен или витамин ,,Е ,, па тешко може да се утврди правата  причина за заболувањето. Најмогу загрозени се јагнињата од раѓањето до третиот месец, ( најчесто од втората до четвртата недела ), додека постарите животни перетко заболуваат.

          Посебно осетливи  се младите чии мајки во текотот на сјагноста се хранат со детелина или луцерка, кои содржат малку селен. Констатирано е  дека доколку се користат  ѓубрива со повеќе сулфур , истиот го спречува искористувањето на селенот од површините со пасишта и ливадите со луцерка и детелина .   Недостигот на витамин ,, Е,, не зависи толку многу од составот и ѓубрењето на земјиштето како што е случајот со селен туку најмногу зависи од квалитетот и типот на кабаста храна која им се дава на животните. На паша животните внесуваат доволно витамин ,,Е,, додека силажата, сточната репа, репкини резанци,зрна житарици и старо сено не ги задоволуваат потребите.
          Предолго чувана храна губи скоро 50% од витаминот,, Е,,.

          2 Одговори на Малаксавост кај јагнињата

            • Доколку нема грчење на мускулатурата нема потреба да се дава СЕЛЕН. Доколку се работи за типична малаксавост треба да се даде комбинација на витамини инјективно со AD3 плус витамин E.
              Напомена: На самата опаковка од витамините пишува за дозата и начинот на употреба(т.е колку кубика спрема тежината на јагнето).
              Ако не сте во можност сами да ги дадете инексиите обратетесе кај стручно лице т.е. ветеринар.

          Остави одговор на aprz Откажи

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна