Машини за Ѓубрење

          Машини за расфрлање на Минерално ѓубриво

          Конструкцијата на расфрлувачот на минерално ѓубриво се состои од: оквир кој го сочинува носечката конструкцијата, казан со одредена зафатнина, систем за регулација на количината на расфрлено минерално ѓубриво и систем за дистрибуција.

          • Поделба на расфрлувачите на минерално ѓубриво:

          а) Расфрлувачи со хоризонтална ротирачка плоча (центрифугални расфрлувачи);

          б) Расфрлувачи со клатечка (осцилирачка) цевка;

          в) Пневматски расфрлувачи;

          г) Расфрлувачи за прашкасти ѓубрива (Егзактни расфрлувачи);

          Расфрлувањето на минералните ѓубрива се извршува со делување на центрифугалната сила. Можат да бидат од носен тип (зафатнина од 250 до 2500 литри) и влечен тип (носивост и до 10 тона). Работниот зафат може да изнесува од 6 до 36 метри, а има работен орган во облик на хоризонтална ротирачка плоча со ребра кои се радијално разместени на работната површина на плочата.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна