Младата зелена трева – опасност од нитратно труење

          Во последните години сточарите одгледувачи на преживен добиток имаат проблеми со квалитетно и редовно снабдување со кабаста храна.
          Цената на кабастата храна е највисока кон крајот на зимата и почетокот на пролетта, па некако по правило сточарите го чекаат првиот откос на трева и луцерка како извор на ефтина храна.
          Екстремно влажниот прв квартал од 2013 година, кога врнежите беа неколку пати поголеми од просечните, ги оневозможени нормалните агротехнички мерки за навремена прихрана на тревните насади поради тешкото и влажно земјиште. Оваа состојба беше посебно изразена во поплавените низински предели.
          Поради долгата и влажна зима, вегетацијата на тревните насади доцнеше, а поради обилните дождови и наглиот пораст на воздушната температура во април, тревниците интензивно растеа.

          Каде  се  најголемите опасности ???

          Поради задоцнета прихрана со азот (КАН и евентуално  УРЕА) и стресните услови  за растенијата  (суша, поплави и недостаток на сонце), дојде до перкумерно таложење на  NО3во младата зелена маса пред косење, а во исто време  високите момоментални температури ги испровоцираа тревниците  на брз прераст, па затоа косењето оваа година започна порано од предвиденото.

          Оваа зелена маса користена во исхраната како свежа било со напасување, било при шталска исхрана, може да доведе до  акутно нитратно труење.

          Најзагриозени секако се преживарите (крави, овци и кози) кои можат да  изедат големи количини зелена маса за краток временски период.

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна