Нега и берба на куртовска капија

          Оптималната температура за производство на куртовската капија во заштитен простор при сончево време треба да биде 25 28оС, а при облачно 22-25оС.  Не смее температурата да падне под  16оС. Не треба да има големи температурни амплитуди меѓу дневната и ноќната температура.

          Релативната влажност треба да биде од 60 -70%, а влажноста на почвата од 70 – 80%  од максималниот воден капацитет.

          Вкупната количина на хранливи материи која треба да се даде со употреба на минерални ѓубрива за средно плодна почва и за принос од 30-40 т/ха изнесува: 120-140 кг/ха азот, 80-100 кг/ха фосфор и 100-160 кг/ха калиум. Пред расадувањето треба да се внесе една третина од минералното ѓубриво предвидено за стартно ѓубрење (1/3 НПК+1/3 КАН).

          Расадувањето се врши на растојание меѓу редовите од 70-80 см, а во редот на 30 см. Расадувањето во дворедни ленти се врши на растојание 90х60+60 и 30 см во редот.

           

          2 Одговори на Нега и берба на куртовска капија

          1. Пред се во прашањето не е потенциран начинот на одгледување дали е на отворено или во заштитен простор.
            Ѓубрењето зависи од показателот на извршената агрохемиска анализа и потрбите на растението за елементот кој не е застапен во почвта, како NPK, така и потребата од микроелементи.
            После основното ѓубрење се поминува на прихранување како преку кореновиот систем така и фолијарно.Се употребуваат кристални, или 100%водорастворливи ѓубрива.Количините и комбинациите зависат од фенофазата на развојот.
            На пазарот се сретнуват различни ѓубрива со различни комбинации.
            Пр.апликациите од садењето до формирањето на првите плодови а тоа е одприлика околу 45 дена во интервал од 3 дена или одприлика 13-15 апликации со NPK комбинација на ѓубриво 15-30-15+2 MgO (сооднос 1:3:1),
            Од формирањето на првите плодови до 10 дена пред почетокот на берба(период од 15 дена), во интервал од 3 дена или 5 апликации со комбинација или сооднос 2 :1:2
            За време на целиот период од почетокот до берба со комбинација NPK 16:8.32, или сооднос (1,5:1:3)
            Ѓубрењето престанува 15 дена пред бербата на пиперката.Со прекумерното наводнување ѓубрето се испира,затоа е потребно при употребата на ѓубривото во почетокот да се изврши натопување со мала количина на обична вода, потоа се аплицира препорачаната доза и комбинација на ѓубриво и на крајот повторно се наводнува со обична мала количина на вода. Таму каде наводнувањето е по бразда се употребуваат гранулирани губрива со слични комбинации бидејко кристалните ѓубрива се користат преку систем капка по капка.
            Сето тоа погоре спомнато пожелно е да се изврши со редовна контрола на посевот од страна на советниците од АПРЗ , за да ефектот примената биде поголем.

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна