Нега на лубеница
Во текот на вегетацијата на лубеницата потребна е нега на посевот која се состои од редовно окопување, уништување на плевелите , заштита од болести и штетници, ѓубрење, наводнување, се почесто се котисти мулч фолија (која е корисна против плевелите, ја задршува топлината, влажноста) и др.
При обработката на почвата треба да се внимава на повредите на ластарите кои лубеницата ги положува по целата површина, бидејки се стварат услови за ширење на болести а и младите плодови се сушаат и пропаѓаат.
Редовно се врши заштитата против болести кои најчесто ја напагат лубеницата: пламеница, антракноза, ботритис или сиво гниење. Се врши фолијарна заштита со инсектициди против лисната вошка ,пајачето, трипсот , како и земјишни инсектициди во почетокот на расадувањето на лубениците. Заштитата од штетници е од голема важност бидејки во одредени периоди многу брзо се шираат и тогаш заштитата е потешка и може да дојде до големи штети во производството.
Ѓубрењето се изведува врз основа на извршената агрохемиска анализа на почвата. Ѓубрењето се врши пред расадување, со расадувањето и после расадувањето. Обично се употребуваат губрива со однос НПК 1:2:1, потоа 1:3:1, уптреба на КАН и на крајот ѓубрива со комбинација каде Калиумот е во поголем % за растење и зреењето на плодот.