Нега на новоподигнати лозја

          За успешно прифаќање и развој на лозовите калеми  во првата година, од пресудно значење  е редовната примена на  агротехничките  мерки.

          Од работни активности кои се извршуваат во текот на вегетацијата  во младото лозје се: 

          Пролетно – летно меѓуредово  орање и рачна  обработка во редовите. Овие работни операции се извршуваат со цел, да се оддржи структурата, да се зачува влагата во почвата и да се уништат плевелите, бидејќи истите се големи конкуренти на младите растенија. Бројот на орања  и рачни обработки изнесува минимум две, а во услови на заплевеност три и повеќе.

          Со цел непречено пробивање на ластарите од калемите кои се покриени со хумка, задолжително се врши разбивање на покорицата од истата.

          Во текот на јуни – јули  се извршува првото одгрнување на хумките и отстранување со оштар нож на површинските корени т.н.речени брандуси, кои се присутни во  зоната на калеменото место и претставуваат конкуренти на корените кои се наоѓаат вдолж подлогата. По отстранување на брандусите  калемите повторно се загрнуваат со правење на нова хумка.

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна