Одгледување на краставици-втора култура

          Временскиот период на сеидбата на краставицата како втора култура  точно не е дефиниран.

          Оптималната температура за ртење на семето е 25 – 28°C, a минималната 12 – 13°C. При температура над  36 °C престанува асимилацијата, а над 42 °C престанува растењето. На температура под 0,5°C, растенијата изумираат. На развојот на краставицата неповлно влијаат наглите промени на температурата.

          Должината на светлосниот ден треба да биде од 10 – 12 часа.

          За нормален развој на краставицата релативната влажност на воздухот треба да изнесува 70 -90 %, a влажноста на почвата 65 – 70 % од максималниот воден капацитет. Сушата во фаза на цветање го намалува плодоносењето, причинува опаѓање на цветовите и го намалува приносот и квалитетот на плодовите. Оптималната топлина и влажност го активира формирањето на цветовите и го зголемува процентот на женските цветови, а ниската температура и недостигот на влага го забрзува созревањето на плодовите и стареењето на растенијата.

          Во заштитен простор до никнењето треба да се обезбеди температура од 25 – 28°C, кога поникнува за 5 – 7 дена. Од никнењето до појава на првиот прав лист, температурата преку денот треба да биде 22 – 25°C, a преку ноќ 18 – 20°C и релативна влажност на воздухот 70 -80 %.

          Расадувањето во заштитен простор се врши во редови на растојание 100-125 х40-50 см, или во дворедни ленти  100 + 50 x 35 – 50 cm.

           

           

          Коментирај

          Име*

          Е-маил* (never published)

          Страна